Научниците развиваат модел на вештачка интелигенција што ќе открие што значи лаењето на кучињата

Фото: Pexels / KATRIN BOLOVTSOVA

Сопственици на домашни миленици сигурно многупати посакале да знаат што им кажува нивното куче преку лаењето.

Научниците од Универзитетот во Мичиген моментално се во процес на истражување на сите можности што ги нуди вештачката интелигенција во областа на комуникацијата за да развијат алатки со кои ќе можат да идентификуваат дали лаењето на кучето е израз на разиграност или агресија.

„Саенс дејли“ (Science Daily) пишува дека истите модели ќе можат да собираат и други информации од гласовите на животното, како што се возраста, расата и полот на кучето. Во соработка со Мексиканскиот национален институт за астрофизика, оптика и електроника во Пуебла, студијата на која работат открива дека моделите на вештачка интелигенција, првично обучени за човечки говор, може да се користат и како почетна точка за обука на нови системи насочени кон комуникација со животни.

„Користејќи модели за обработка на говор, кои првично беа обучени за човечки говор, нашето истражување отвора нов прозорец за тоа како можеме да го искористиме она што го изградивме досега во обработката на говорот за да почнеме да ги разбираме нијансите на лаењето на кучињата“, рекол Рада Михалчеа. универзитетски професор по компјутерски науки и инженерство и директор на Лабораторијата за вештачка интелигенција.

Таа, исто така, истакна дека има многу што сè уште не се знае за животните, а напредокот во вештачката интелигенција може да послужи за револуција во разбирањето на комуникацијата со нив.

Како пречка таа го истакна фактот дека наишле на недостиг на јавно достапни податоци за анализа на гласовите на животните. Истражувачите ги надминаа овие предизвици со пренамена на постоечки модел кој првично беше дизајниран да го анализира човечкиот говор.

Разбирањето на нијансите на вокализациите на кучињата може значително да го подобри начинот на кој луѓето ги толкуваат и реагираат на емоционалните и физичките потреби на кучињата, подобрувајќи ја нивната грижа и спречувајќи потенцијално опасни ситуации, велат истражувачите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот