Научниците открија техника за лекување на икањето која делува во 100 отсто случаи

Фото: Профимедиа

Сите во одреден момент сме се соочиле со непријатното икање. Овој појава може да биде непријатна, особено кога сме во друштво, а понекогаш имаме чувство дека не можеме да се ослободиме од икањето, без разлика колку вода сме испиле или колку долго го задржуваме здивот.

Оние кои имаат проблем со икањето сега можат да здивнат, бидејќи научниците открија метод кој вклучува само четири чекори. Како што тврдат, функционира во 100 отсто од случаите, пишува „Унилад“.

Чекор 1: Издишете целосно, испразнете ги белите дробови.

Чекор 2: Длабоко вдишете и задржете го здивот неколку секунди.

Чекор 3: Без испуштање на здивот, вдишете уште малку воздух, а потоа задржете неколку секунди.

Чекор 4: Повторете го третиот чекор.

Икање е неволна и брза контракција на мускулите на дијафрагмата, како и на мускулите помеѓу ребрата кои ги шират белите дробови за дишење, по што веднаш следи затворање на глотисот.

– Тоа е мускулно парче кое го затвора дишниот пат по голтањето. Затворањето на глотисот е она што го предизвикува звукот „хик“ – објаснил лекарот Марк Лофман за „Фокс њуз дигитал“.

Икањето обично е краткотрајно, а Лофман истакнува дека подолгото икање може да биде поврзано со здравствени проблеми.

– Подолгите епизоди се поврзани со различни состојби, од бенигни до сериозни, иако понекогаш никогаш не ја пренаоѓаме причината за упорните напади на икање – истакнал тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот