Белгиските научници открија нова терапија против зависности и депресија

Фото: timesnownews.com

Тим предводен од истражувач од белгискиот Универзитет во Лувен открил потенцијално револуционерен начин за лекување зависност и депресија, објави белгискиот портал „Фокус на Белгија“.

Научникот Пјер Василијадис откри начин да се стимулира стријатумот – дел што се наоѓа длабоко во сивата материја во мозокот – без операција или вградени импланти во мозокот, односно на неинвазивен начин.

Техниката што ја користат научниците е насочена кон стимулирање на т.н. транскранијална темпорална интерференција.

Тоа може да влијае на бројни непријатни состојби како што се депресија, зависност од дрога и всушност на секоја друга состојба за која системот на наградување во мозокот има клучна улога.

За тоа служат два пара електроди што стратешки се поставуваат на главата на пациентот и испраќаат слаби електрични бранови низ мозокот на две различни фреквенции. Разликата помеѓу овие фреквенции е таа која всушност го стимулира засегнатиот дел од мозокот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот