Научниците конечно го пронајдоа одговорот колку навистина трае добриот секс

Секс
Фото: Jacob Lund / Alamy / Alamy / Profimedia

Сигурно сте се запрашале колку долго трае добриот секс? Веројатно сте разговарале за тоа со вашите пријатели, па знаете дека постојат различни теории и мислења. Сепак, научниците конечно дадоа одговор на прашањето кое сите барем еднаш сме го поставиле.

Имено, на Универзитетот „Пен Стејт“ било спроведено истражување кое открило дека добриот секс и покрај утврденото мислење не треба да трае долго.

Всушност, научниците веруваат дека сè што е подолго од половина час создава потенцијал за незадоволство и разочарување.

Ерик Корти и Џенај Гардни, истражувачи, вклучиле во истражувањето дури 59 експерти за сексуална терапија, брачни психолози и семејни терапевти и со помош на нивните одговори дошле до четири клучни категории, во однос на временскиот распон, од пенетрација до ејакулација.

Сексот кој трае 1-2 минути е секако прекраток, 3-7 минути – адекватен, 7-13 минути – пожелен, 15-30 минути – предолг, велат научниците, пренесува „24 седам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот