НАТО „ја следи ситуацијата“ во Полска, за утре закажана итна средба на амбасадорите

НАТО знаме
Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

НАТО вечерва соопшти дека „ги разгледува извештаите“ за тоа дека ракети или проектили вечерва паднале во Полска, членка на Алијансата, како и дека „тесно соработува со полските власти“.

„Ги проучуваме овие извештаи и тесно се координираме со нашиот сојузник Полска“, изјавил претставник на НАТО за „Си-ен-ен“.

Ако навистина се утврди дека се работи за руски ракети, што Русија го негира, прашање е како ќе се позиционира НАТО.

Повеќето аналитичари кои досега го коментираа овој инцидент се согласуваат дека одлуката ќе зависи од тоа која од двете политики ќе се применува – член 4 или член 5.

Од седиштето на Алијансата во Брисел доцна вечерта соопштија дека за утре е свикан итен амбасадорски состанок, на барање на Полска, кој е свикан врз основа на членот 4 од Повелбата, во кој се вели дека „страните ќе се консултираат меѓу себе“ доколку се одлучи дека е загрозен нивниот „територијален интегритет, политичка независност или безбедност“.

ВИДЕО: Руски ракети паднаа во Полска? Има загинати – НАТО на готовс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот