НАТО ја повика Русија да ги смири тензиите

Јенс Столтенберг и Жан-Ив Ле Дријан/ Фото EPA-EFE/BERTRAND GUAY / POOL MAXPPP OUT

Кризата во Украина може да се реши само со дипломатија и Русија мора да направи се што може за да ги намали тензиите, изјавија денеска претставници на НАТО и Франција, предупредувајќи на сериозни последици доколку Москва започне воена интервенција во Украина.

Русија собра сили на границата со Украина, каде бунтовниците поддржани од Кремљ се бореа против владата во Киев, предизвикувајќи стравувања дека можеби се подготвува за инвазија.

Рускиот претседател Владимир Путин негираше каква било намера да ја нападне Украина, но негоди поради проширувањето на НАТО на исток и распоредувањето на воена опрема во близина на границата.

„Русија мора да се смири“

„Русија мора да се смири, да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, да се врати на дипломатијата. Кризата бара политичко и дипломатско решение“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Париз.

Зборувајќи со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан и министерката за одбрана Флоренс Парли, тој рече дека алијансата ја задржува својата позиција и ја поддржува кандидатурата на Украина за влез во НАТО.

Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот вети поголема воена поддршка за членките од Централна Европа поради зголемената загриженост поради трупањето руски сили на границата со Украина, изјави литванскиот претседателски советник Аста Скаисгирите.

„Секој напад врз интегритетот на Украина би имал огромни стратешки последици“

Бајден, исто така, ги увери сојузниците дека Вашингтон нема да постигне договор со Русија за регионот зад нивниот грб, изјави Скаисгирите за новинарите.

„Секој напад врз интегритетот на Украина би имал огромни стратешки последици“, рече Ле Дриан на прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот