„Наскоро пристигнува“: Фифти-Сент работи на документарна серија за шокантните криминали на Диди

Фифти-Сент и Диди / Фото: EPA

Раперот Кертис Џексон, познат како Фифти-Сент заедно со „Нетфликс“  работи на нова документарна серија за обвинувањата против Шон Диди Комбс за сексуална злоупотреба и насилство, како и за рекет и трговија со луѓе.

Раперот на својот профил на „Икс“ го најави објавувањето на документарецот на необичен начин.

„Наскоро пристигнува! ЛОЛ“, напиша раперот покрај фотографијата од шише бебешко масло на кое пишува „Диди оил“, алудирајќи на фактот дека полицијата пронашла повеќе од 1.000 шишиња бебешко масло и лубриканти во вилите на Диди.


Инаку, проектот го режираше Александрија Стејплтон и моментално е во продукција.

„Ова е приказна со значајно влијание. Тоа е сложен наратив кој опфаќа децении и не се само насловите или фрагментите што ги видовме досега“, велат Фифти-Сент и „Стејплтон“ во ексклузивната изјава за „Вараети“ додавајќи дека се посветени на давање глас на оние кои немаат глас и застапеност на автентични перспективи.

„Иако наводите се вознемирувачки, ги повикуваме сите да запомнат дека приказната на Шон Комбс не е целата приказна за хип-хопот и неговата култура. Нашата цел е да се погрижиме индивидуалните активности да не ги засенат пошироките придонеси за културата“, додале тие.

Приходите од документарецот, се вели во изјавата на Фифти-Сент, ќе бидат искористени за поддршка на жртвите на сексуална злоупотреба.

Да потсетиме, Диди беше уапсен во Њујорк пред 10 дена и беше обвинет за силување, трговија со луѓе и водење криминална организација, а се изјасни за невин и е задржан во притвор и ставен под надзор поради ризик од самоубиство.

ФОТО | Прво појавување на Џастин Бибер по скандалот со Диди: „Тој не изгледа добро, многу е пропаднат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот