Насилство по фудбалски натпревар во Куманово, настрадале судиите

Двајца фудбалски судии биле нападнати вчера по завршување на натпреварот помеѓу екипите на Башкими и Беласица.

Инцидентот се случил вчера на стадионот на Башкими, откако судиите прво биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални.

„Во СВР Куманово било пријавено дека по завршување на фудбалски натпревар од втората фудбалска лига помеѓу екипите на Башкими и Беласица, на стадионот на Башкими, судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални. По интервенција на полициските службеници, судиите влегле во соблекувалните, а откако го напуштиле стадионот, забележале дека возилото „фиат браво“ со скопски регистерски таблички, сопственост на еден од судиите, било оштетено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот