Наредба од Бајден: Американската војска да ги соборува иранските ракети

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден ѝ нареди на американската војска да помогне во одбраната на Израел од иранските напади и да ги соборува ракети насочени кон Израел, соопшти Советот за национална безбедност на Белата куќа.

„Бајден и потпретседателката на САД Камала Харис го следат нападот од собата за ситуации и редовно добиваат известувања“, кажа портпаролот на Белата куќа Шон Савет на социјалната мрежа Икс.

Иранскиот напад на Израел е легален, рационален и легитимен одговор на терористичките напади, објави денес иранската мисија во Обединетите нации во Њујорк, пренесоа агенциите.

„Доколку ционистичкиот режим се осмели да одговори или да изврши понатамошни злонамерни акти, ќе следи последователен и тежок одговор. На регионалните држави и поддржувачи на ционистите им се советува да се разделат од тој режим“, порача иранската мисија на Икс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот