Напад со нож на Универзитетoт во Сиднеј, уапсен тинејџер

Полиција на Универзитетот во Сиднеј / Фото EPA/PAUL MILLER

Четиринаесетгодишно момче е уапсено по напад со нож изутринава на Универзитетот во Сиднеј, соопшти австралиската полиција. По нападот, универзитетските згради се затворени.

Екипите за итни случаи пренеле 22-годишно момче во болница во сериозна, но стабилна состојба, соопшти државната полиција на Нов Јужен Велс.

Помошникот на полицискиот комесар за борба против тероризмот во Нов Јужен Велс, Марк Волтон, на прес-конференција изјави дека мотивот или идеологијата на момчето сè уште не се утврдени, но изрази загриженост поради зголемениот број докази дека младите се радикализираат преку интернет.

„Тие прифаќаат насилни екстремистички идеологии и се свртуваат кон насилство. Напаѓачот ѝ е познат на полицијата и на државните агенции, рече Волтон.

Наводниот напаѓач се качил во автобусот по инцидентот и бил уапсен во близина на болницата, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот