Наоми Кемпбел откри дека била малтретирана во детството: Ме нарекуваа Олива…

Наоми Кемпбел / Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN

Британската манекенка и супермодел Наоми Кемпбел, гостуваше во подкастот на Камбон и зборуваше за малретирањето што го доживеала како дете од други деца.

Иако денес во целиот свет е позната по својата убавина, таа призна дека не се чувствувала секогаш самоуверена и дека доживеала тешки моменти на училиште.

Оваа 54-годишна манекенка раскажа како децата ја исмевале нејзината висина и витка фигура. Ја споредувале со ликот Олива од култниот цртан филм „Попај“.

„Мојот врат е прилично долг, па се обидов да ги спуштам рамениците надолу за да го скратам. Се чувствував непријатно“, се сеќава Наоми, додавајќи дека и давале и разни други прекари.

Кога станала модел, според неа, научила да се бори за себе и храбро се борела против дискриминацијата што често ја доживувала.

„Секогаш би зборувала ако има нешто што е нечесно или неправедно“, сподели Наоми.

Потсетуваме, Наоми неодамна призна дека двете деца ги добила преку сурогат мајка. Имињата на децата и датумите на раѓање се непознати за јавноста.

Наоми Кемпбел ја откри вистината за мајчинството: И двете деца ги доби во педесеттите години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот