Нанороботи ги убиваат клетките на ракот со оружје скриено во наноструктурите

Фото: Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

Истражувачите од Институтот „Каролинска“ во Шведска создадоа нанороботи кои ги убиваат клетките на ракот кај глувците. Оружјето на роботот е скриено во наноструктурата и делува само во микросредината на туморот, поштедувајќи ги здравите клетки.

Истражувачите претходно развија структури кои можат да ги организираат таканаречените „рецептори за смрт“ на површината на клетките, што доведува до клеточна смрт. Овие структури содржат шест пептиди (синџири на амино киселини) во хексагонален модел. Шестоаголниот нано модел на пептидот станува смртоносно оружје, пишува „Phys.org“.

„Доколку го нанесете, ќе почне неселективно да ги убива клетките во телото, што не би било добро. Затоа го скривме оружјето во наноструктура направена од ДНК“, вели професорот Бјорн Хегберг од Катедрата за медицинска биохемија и биофизика.

Уметноста на градење наноструктури користејќи ДНК како градежен материјал се нарекува ДНК оригами. Таа техника сега е искористена за да се создаде „прекинувач“ кој се активира под соодветни околности.

Оружјето е сокриено на таков начин што може да се активира само во и околу цврст тумор. Тоа значи дека е создаден тип на наноробот кој може конкретно да ги таргетира и убие клетките на ракот.

Клучот е ниската pH-вредност или киселата микросредина која обично ги опкружува клетките на ракот и која го активира нанороботското оружје. Истражувачите покажаа дека пептидното оружје е скриено во наноструктурата со нормална pH-вредност од 7,4 – но има драстичен ефект на убивање на клетките кога pH-вредноста паѓа на 6,5.

Нанороботот потоа бил инјектиран во глувци со канцерогени тумори. Резултатот беше намалување на растот на туморот за 70 отсто во споредба со глувците кои добија неактивна верзија на нанороботот.

Сега треба да испитаме дали ова функционира кај поразвиените модели на рак, послични на вистинската болест кај луѓето. Мора да се открие и какви несакани ефекти има овој метод пред да се тестира на луѓе.

Истражувачите, исто така, имаат намера да испитаат дали нанороботот може да се направи уште поселективен со користење на протеини или пептиди на неговата површина кои конкретно се врзуваат за одредени видови на рак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот