Наместо за „злоупотреба на службена положба“, Мијалков да одговара за помало кривично дело „пречекорување на овластувања“

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Обвинителството го измени обвинителниот акт за случајот “Трезор”, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Наместо за злоупотреба на службената положба, обвинителот Трајче Пеливанов побара обвинетите да се судат за пречекорување на границите на своите службени овластувања.

Според новото кривично дело, казната затвор е од 6 месеци до 3 години, што е помалку од претходното кривично дело за кое беше пропишана можеше да затворска казна од 6 месеци до 5 години.
Одбраната негодуваше и рече дека обвинителство се обидува на било каков начин и незаконски да го спаси обвинението.

Случајот „Трезор“ е единствениот останат предмет за кој му се суди на Мијалков и се однесува на начинот на набавка на опрема за следење на комуникациите од Велика Британија.

Во „Трезор“ меѓу обвинетите се екс шефот на УБК, Сашо Миалков, шефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски. Ова следува по измените на Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот