Најубавиот празничен рецепт: Линцер колачи – еленчиња на Дијана Иваноска

Фото: Приватна архива

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови. Своите рецепти почнала да ги споделува со своите следбеници и пријатели од почетокот на пандемијата.

„Го сакам секој дел од процесот, но најмногу уживам во фотографирањето на храната“, ни открива Дијана.
Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за празнично гастрономско уживање – Линцер колачи – еленчиња.

„Линцер колачите се некако задолжителни овој период од годината. Овој пат во форма на еленчиња, полнети со карамел, превкусни. Ако имате мали деца може да ги правите заедно, сигурно ќе им биде забавно, порачува Дијана.

Состојки:

  • 110 г путер на собна температура
  • 60 г шеќер
  • 1 јајце
  • 1 лажиче ванила екстракт
  • 190 г брашно
  • 50 г бадеми мелени
  • 1/4 лажиче прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 50 г карамел за полнење
  • шеќер во прав за посипување
  • 50 г чоколада стопена за декорација
  • М&М бонбони за носињата

Подготовка

Изматете ги путерот и шеќерот неколку минути. Додајте го јајцето и матете додека се изедначи смесата. Во друг сад измешајте го брашното, солта, прашокот за печиво и мелените бадеми.

Оформете тесто и поделете го на два дела. Расукајте ги малку, завиткајте ги во проѕирна фолија и оставете ги во фрижидер минимум еден час. Расукајте го тестото на набрашнета површина на 4,5 мм дебелина.

Сечете со поголем и мал тркалезен калап. Отворот на горните колачи треба да е малку изместен од средината.
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Наредете ги колачите на тава обложена со хартија за печење. Печете околу 12 минути или додека краевите поруменат малку.

Горните колачи посипете ги со шеќер во прав. Ставете по едно лажиче карамел на долните колачи. Со чоколадата нацртајте ги очите и роговите и ставете бонбони за носот на еленчето.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот