Најстудено во Лазарополе, најтопло во Гевгелија

Лазарополе/ Фото: Слободен печат

Во Лазарополе утрово се измерени минус еден, а на Попова Шапка нула степени, соопшти УХМР.

Температурата во Скопје е 12 степени, а најтопло е во Гевгелија, 15 степени.

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Прилеп, 21 литар на метар квадратен.

Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70км/ч.)

Максималната температура ќе достигне од 13 до 22 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот