Најстудено во Берово, измерени минус четири степени

Најстудено утрово е во Берово, минус четири степени, и само таму температурата е под нулата.

Според УХМР, 1 степен е измерен во Лазарополе, 2 во Крива Паланка, Битола и Струмица, 3 степени се измерени во Скопје-Петровец, Тетово, Штип и Демир Капија, 4 во Прилеп, Куманово, Велес и Маврови Анови, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци и Дебар, 6 степени во Охрид, Претор, Крушево и Попова Шапка и 8 степени во Гевгелија.

– Времето изутринава е сончево и студено. Наместа дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец – информира УХМР.

Максималната температура денеска ќе достигне од 19 до 25 степени. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот