Најнови анкети: Трамп и Харис во „мртва трка“ во клучните американски држави

Резултатите од истражувањето спроведено од „Њујорк тајмс“ и колеџот Сиена покажаа дека кандидатите на претседателските избори во САД, републиканецот Доналд Трамп и демократката Камала Харис, имаат речиси подеднаква поддршка од гласачите во сојузните држави Мичиген и Висконсин, кои се сметаат за клучни за исходот на претстојните претседателски избори во САД.

Според резултатите од ова истражување, Харис има 48 отсто поддршка меѓу веројатните гласачи во Мичиген, додека Трамп има 47 отсто во таа држава.Харис има нешто поголема поддршка од гласачите во Висконсин, 49 наспроти 47 отсто за републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД. Анкетите покажуваат дека Трамп покажал сила во сферата на економските прашања кои се сметаат за најважни за гласачите, пред прашањата поврзани со репродуктивните права.

Предноста што ја имаше Харис на почетокот на август е малку намалена со инсистирањето на Трамп на економски прашања, што може да биде загрижувачки развој на настаните за актуелниот потпретседател на САД пред изборите во ноември, со оглед на тоа што економијата е најмногу важно прашање што ги придвижува гласачите, пишува Блумберг.

Анкетите биле спроведени телефонски меѓу 21 и 26 септември меѓу 688 веројатни гласачи во Мичиген и 680 во Висконсин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот