Најмладиот МВП во историјата на НБА лигата објави крај на кариерата

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Ветеранот Дерик Роуз објави дека ја завршува својата кариера. Роуз ќе остане запаметен како најмладиот МВП во историјата, признание до кое дојде како 23-годишник во дресот на Чикаго Булс.

Во НБА пристигна во 2008 година како прв пик на драфтот и утше во втората сезона стана Ол-стар, а во сезоната 2010/2011 имаше просек од 25 поени, 7.7 асистенции и четири скока.

„Во моето следно поглавје ќе ги следам моите соништа. Верувам дека е вистински успех кога ќе станеш она за што си создаден. Сакам да му покажам на светот што сум и надвор од кошарката. Без разлика дали е добра или лоша, секој во животот има своја приказна. Во мојата јас не би менувал ништо и кога би можел“, објави Роуз.

Роуз во во 2012 година имаше тешка повреда во која ги скина лигаментите, а една година подоцна го пукна и мускулот и по тие две повреди повеќе не беше истиот кошаркар.

Покрај Чикаго Булс играше уште за: Њујорк Никси, Кливленд, Минесота, Детроит и Мемфис каде што ја завршува кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот