Најмалку пет ракети од советско потекло ја погодија базата „Таџи“ во Ирак

Фото: EPA-EFE/IRIB

Извор на ирачките сили за безбедност рече дека најмалку пет ракети „Катјуша“ од советско производство ја погодиле воената база.

Ирачката воена база „Таџи“, која се наоѓа северно од Багдад, беше мета на ракетен напад, јави телевизијата „Хадас“, а пренесува „Спутинк“.

Во ирачката база се наоѓаат и американски војници.

Извор на ирачките сили за безбедност рече дека најмалку пет ракети „Катјуша“ од советско производство ја погодиле воената база.

Според локалната полиција, како што пренесува „АФП“, најмалку една ракета паднала во близина на кампот „Таџи“.

Засега нема извештаи за жртви.

Во друг извештај на „Алсумариа њуз“, повикувајќи се на извор, вели дека пет ракети паднале во близина на базата.

Локалните медиуми наведуваат дека најмалку три лица се повредени. Контрадикторни извештаи наведуваат дека бројот на жртви би можел да биде и поголем, пренесува „Спутинк“.

Ирачката војска во изјава потврди дека цел на нападот била воена база во која има распореден американски пресонал.

Претходно овој месец во напад врз авиобазата „Балад“, северно од Багдад, ранети се четири ирачки војници.

Ситуацијата на Блискиот исток ескалираше по убиството на командантот на елитната иранска единица „Кудс“, Касем Сулејмани, за време на напад на американските сили на аеродромот во Багдад.

Иран на убиството на својот прочуен генерал одговори со ракетен напад на две американски воени бази во Ирак, во кои загинаа околу 80 лица, но меѓу нив немаше американски војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот