Најмалку четири лица загинаа, а 29 се ранети во израелските напади врз Јемен

Хутите во Јемен / Фото EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Најмалку четири лица загинаа, а 29 се ранети во израелските напади врз Јемен, се вели во соопштението на Министерството за здравство кое го раководат Хутите.

Израел соопшти дека бомбардирал цели на Хутите во Јемен како одговор на ракетниот напад на проиранската милитантна група врз Израел во изминатите два дена, отворајќи уште еден фронт во борбите на Блискиот Исток.

Во соопштението на израелската војска се наведува дека десетици авиони, вклучително и борбени авиони, нападнале електрани и пристаништата Ходеида и Рас Иса.

Ова беше втор израелски напад врз Јемен за нешто повеќе од два месеци, откако израелски воени авиони погодија воени цели на Хутите во близина на Ходеида во јули по нападот со беспилотно летало од Јемен врз Тел Авив, во кој загина едно лице.

Израелската војска претходно денеска објави дека во текот на изминатата година, Хутите „оперирале под раководство и финансирање на Иран и во соработка со ирачките милиции за да ја нападнат државата Израел, да ја поткопаат регионалната стабилност и да ја нарушат глобалната слобода на навигација“.

ВИДЕО: Израел го нападна Јемен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот