Најмалку 59 луѓе загинаа во монсунските поплави во Непал, десетици се исчезнати

EPA-EFE/HARISH TYAGI

Најмалку 59 луѓе загинаа, а 44 се водат како исчезнати како последица на поплавите и одроните предизвикани од обилните дождови во Непал, соопшти во саботата полицијата.

Со оглед на тоа што силниот дожд почна да паѓа веќе во петокот, властите го предупредија населението на поројни поплави поради неколку околни реки.

„Во моментов има 59 загинати, 36 повредени и 44 лица исчезнати“, изјави за AFP портпаролот на непалската полиција Дан Бахадур Карки, додавајќи дека досега се регистрирани повеќе од 200 случаи на поплави и лизгање на земјиштето.

Во главниот град Катманду реките се излеаја од коритата, поплавувајќи ги куќите лоцирани во близина на брегот. „Ова е страшно. Никогаш порано не сум видел таква штета“, рече Махамад Шабудин (34), сопственик на продавница за поправка на мотоцикли во близина на надојдената река Багмати.

Некои од преживеаните се засолниле на покривите на куќите и зградите, а некои успеале да се пробијат низ поплавените улици. „Кога излегов од мојата куќа среде ноќ, водата ми беше до рамениците“, вели 49-годишниот возач Хари Мала.

„Полицијата работи со други институции и јавноста за да ги пронајде и спаси исчезнатите“, изјави Басанта Адикари, портпарол на Националната агенција за управување со ризици од катастрофи на Непал.

Повеќе од 3.000 припадници на безбедносните сили се исто така распоредени за да помогнат во спасувачките операции користејќи хеликоптери и моторни чамци. Поради одрони блокирани се неколку автопатишта, што оневозможува какво било движење на жителите. Сите домашни летови од Катманду се откажани од петокот навечер. Има повеќе од 150 поаѓања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот