Најдоцна до понеделник може да се побара парична помош за прваче во Аеродром

Фото: Општина Аеродром

Истекува рокот за  поднесување барање за исплата на еднократна парична помош за првачињата кои се запишани во основните училишта во општина Аеродром, во износ од 3500 денари.

Како што информираат од Општината, семејствата кои имаат прваче можат да поднесат барање за паричната помош во архивата на Општина Аеродром најдоцна до понеделник, 30 септември.

Оттаму додаваат дека Општина Аеродром останува посветена на заложбата за инвестиции во најмладите, како и кратењето на дополнителните трошоци што претставуваат товар на секој семеен буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот