„Национални шуми“ е во „дупка“ од 20 милиони евра, вели новиот директор Трајанов

Новиот директор на ЈП „Национални шуми“, Здравко Трајанов, изјави дека јавното претпријатие има долг од над 20 милиони евра, што е значително повеќе од претходно пријавеното. Трајанов ги обвини неодамнешните вработувања на административен кадар и злоупотребите при тендерите како главни фактори за финансиската криза во „Национални шуми“.

Директорот вели дека состојбата е двојно полоша од претходно пријавениот долг од 10 милиони евра. При преземањето на функцијата, Трајанов вели дека наследил претпријатие во кое платите не биле исплатени, а вработените немале ни здравствено осигурување. Ситуацијата била толку критична, што немало нафта за да се излезе на терен и да се завршат редовните работни обврски.

Еден од клучните проблеми што го довеле ЈП „Национални шуми“ до ваква состојба е неодамнешниот прилив на нови вработени, вели Трајанов. Во последната година биле ангажирани 450 лица на неопределено време, од кои само мал дел биле шумски работници. Трајанов наведува дека од новите вработени, 320 биле примени како секачи и носачи, но само 2% од нив биле квалификувани шумски работници, додека останатите биле административен кадар. Оваа нерамнотежа во кадровската структура дополнително го оптоварило претпријатието и придонело за продлабочување на долговите.

Во интервју за ТВ21, Трајанов укажа и на злоупотреби при доделувањето на тендери на приватни фирми. Според него, многу приватни магацини се полни со дрва, додека подружниците на ЈП „Национални шуми“ немаат доволно ресурси. Тој посочува дека оваа практика е уште еден фактор што ја влошил состојбата на претпријатието, кое останува без ресурси, додека приватните компании профитираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот