Национални избори во Австрија – Екстремно десничарската партија се надева на својата прва победа

Гласачите во Австрија излегоа на националните избори за да го дадат својот глас на националните избори во земјата кои се спроведуваат денеска, при што екстремно десничарската Партија на слободата предводена од Херберт Кикл очекува историска победа.

Кикл, поранешен министер за внатрешни работи и долгогодишен стратег на кампањата, кој ја води Партијата на слободата од 2021 година, сака да стане нов канцелар на Австрија.

Тој го користел терминот „Volkskanzler“, или канцелар на народот, што го користеле нацистите за да го опишат Адолф Хитлер во 1930-тите, но сепак тој ја отфрли ваквата споредба.

Но, за да стане нов лидер на Австрија, ќе му треба коалициски партнер кој ќе има мнозинство во Долниот дом на парламентот.

Сепак и победата не е сигурна, со неодамнешните анкети кои укажуваат на тесна трка.

Тие ја ставија поддршката за Партијата на слободата на 27%, со конзервативната Австриска народна партија на канцеларот Карл Нехамер со 25% и централно-левичарските социјалдемократи со 21%.

Повеќе од 6,3 милиони луѓе на возраст од 16 и повеќе години имаат право да гласаат за новиот парламент во Австрија, членка на Европската унија која има политика на воена неутралност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот