Националната опера и балет остана без струја поради неподмирен долг

Национална опера и балет / фото: Википедија

Во зградата на Националната опера и балет (НОБ) во моментов е исклучена струјата поради неплатени сметки, соопшти за СДК дирекцијата на НОБ.

ЕВН и компанијата ЕДС го дале налогот за исклучувањето на струјата. Како што дознава СДК, НОБ е исклучена од струја од 18 август, а долгот кон ЕДС е од март, додека кон ЕВН од мај. Според нив, долгот не е подмирен бидејќи сметката на оваа национална установа е блокирана поради поради спроведување извршно решение од 2012-2013.

„Согласно работниот процес, како и секоја година, уметничките ансамбли се на колективен одмор од крајот на јули до крајот на месец август, со што се надоврзуваме кон прашањето за реализација на програмските активности и почетокот на сезоната, за која подготвителни дејствија се преземаа и во текот на летото, поточно за балетската премиера ‘Пепелашка’ со која ќе ја отвориме новата сезона кон почетокот на месец октомври, со што се подразбира дека работните процеси продолжуваат“, велат од НОБ.

Од дирекцијата на НОБ за СДК велат дека се „во релација со сите засегнати страни, со цел наоѓање соодветно решение за новонастанатата ситуација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот