На турскиот херој Демирал му се заканува суспензија поради прославата со контроверзен симбол

Фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Турскиот дефанзивец Мерих Демирал беше херој на својата репрезентација и со два гола ја одведе во четвртфиналето, но сега би можел да се соочи со проблем.

Медиумите денеска пренесуваат дека Демирал може да биде казнет и суспендиран од УЕФА поради начинот на кој прославуваше еден од своите голови.

Имено, дефанзивецот славеше со симбол кој промовира десничарска екстремистичка идеологија која верува во супериорност на „турската раса“ и тежнее да ги обедени сите турски народи во една држава, која според нив се протега од Балканот преку Централна Азија, сè до Кина.

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Новинарите му поставија и прашање за оваа прослава, но Демирал не гледа никаков проблем.

„Начинот на кој го славев погодкот е поврзан со мојот турски идентитет, затоа го направив тој гест. Видов луѓе на стадионот што го прават истиот гест, не постои никаква скриена порака. Сите ние сме Турци, горд сум што сум Турчин и само сакав да покажам колку сум среќен, се надевам ќе имам повеќе прилики повторно да го покажам овој гест“, изјави Демирал по натпреварот.

Како и да е, во медиумите се најавува реакција од УЕФА, но засега не е познато каква би била казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот