На скопјанец му барале рекет од 80 илјади евра, па мистериозно му изгорел автомобилот

Евра/Фото: Miguel Perfectti / Alamy / Alamy / Profimedia

Триесет и тригодишен скопјанец утрово, во 1 часот и 15 минути пријавил во СВР Скопје дека претходниот ден од телефонски број на лице кое го познавал му биле испраќани пораки со заканувачка содржина и му биле барани 80 илјади евра.

Како што информира денеска МВР, утрово, во 40 минути по полноќ неговиот сосед го известил дека било опожарено неговото возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот