На Синер му беа потребни три часа за победа во првото коло на Вимблдон

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Првиот светски тенисер Јаник Синер се пласираше во второто коло на Вимблдон.

Италијанецот со 3:1 во сетови 6:3, 6:4, 3:6, 6:3 за три часа игра го совлада Германецот, Јаник Ханфман. Не блескаше Синер вечерва и изгуби еден сет, но впечаток е дека одигра колку што беше потребно за да победи.

По еден брејк беше одлучувачки во првиот и вториот сет, Италијанецот ја користеше предноста и беше сигурен на свој сервис. Дека може да биде незгоден Ханфман покажа во третиот сет кога направи пресврт од 4:0 и намали на 2:1 во сетови.

Сепак во четвртиот сет Синер покажа зошто во овој момент е лидер на АТП и одигра нависоко ниво за конечни 3:1.

Во следното коло Синер ќе се соочи со сонародникот Матео Беретини кој денес беше подобар од Унгарецот, Фуцовиќ исто така со 3:1.

Алкараз со победа го стартуваше Вимблдон, но покажа слабости против анонимец од Естонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот