На Попова Шапка измерени два степени над нулата

Фото: Фејсбук/ Скијачки центар Попова Шапка

Утрово е најстудено, два степена, на Попова Шапка, каде изминатото деноноќие се измерени и најмногу врнежи, седум литри на метар квадратен.

Како што информира УХМР, до 08:30 часот било 5 степени во Лазарополе и Маврови Анови, 6 Крушево, 7 Берово, 8 Крива Паланка, 9 Претор, Виница, Кавадарци, Демир Капија, 10 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Тетово, Куманово, Прилеп, Охрид, Битола, Велес и Струмица, како и 14 во Гевгелија.

Водниот талог до осум часот утрово изнесува 4 литри на метар квадратен во Берово, Крива Паланка, Виница и Претор, како и 3 во Скопје-Петровец, Маврови Анови, Лазарополе, Охрид и Велес, како и еден литар на единица површина во Крушево, Куманово и Штип.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 18 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот