На одмор со автомобил: КАЗНИ и ЦЕНИ НА ГОРИВАТА во регионот (ТАБЕЛА)

Ова се некои работи кои ќе ви бидат потребни доколку решите на годишен одмор или на викенд да одите со ваше возило.

Казни

Ова се износите на најчестите казни во земјите од регионот.

Минатата година Грција ја заостри својата казнена политика. Покрај повисоките казни, веќе не е можно да се плати 50 % од казната во рок од 8 дена, а почнало и симнувањето на табличките како и одземање на возачката дозвола на период од дури 60 дена.

Цени на горивата

Документи

Пасошите, возачката и сообраќајната дозвола мора да ви траат најмалку уште три месеци од преминувањето на границата.

Ако патувате со домашен миленик, тој може преку граница само ако може да се идентификува преку чип или преку печат. Потребно е да имате потврда за неговата здравствена состојба, како и доказ дека е вакциниран против беснило.

„Пластичната“ биометриска возачка дозвола ви овозможува да возите без меѓународна дозвола ако патувате во Црна Гора, Србија и Албанија, додека за Хрватска, Грција и Бугарија мора да извадите меѓународна дозвола.

Опрема

Покрај стандардната опрема, ако имате автомобил на плин, во Грција и во Бугарија е задолжителен и противпожарен апарат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот