На македонско-грчката граница пронајдени неексплодирани бомби

Фото: Nicolas Economou/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Кај селото Моин, Гевгелиско, во близина на границата со Грција, вчера биле пронајдени стари неексплодирани убојни средства, информираа денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информацијата, веднаш бил известен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗР) Струмица, кој безбедно ги отстранил неексплодираните убојни средства.

Од ЦУК апелираат до граѓаните кога ќе најдат неескподирани убојни средства од минатите војни да не ги фаќаат и поместуваат, туку едноставно да се јават на 112 во ЦУК за нивно безбедно неутрализирање според стандардни оперативни постапки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот