На која температура треба да го поставите клима-уредот за да не е опасен за вашето здравје

Фото: Flickr/WebTechExperts

Користењето клима-апарати во текот на летните месеци може да ве спаси од горештините, но важно е да знаете како правилно да ги користите за да избегнете здравствени проблеми. Експертите истакнуваат дека разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура не треба да надминува седум степени Целзиусови.

Преголемата разлика во температурите може да предизвика бројни здравствени проблеми како што се главоболки, кардиоваскуларни проблеми, настинки, проблеми со дишењето, инфекции, алергии и сува кожа.

Која е идеалната температура? Препорачливо е клима-уредите во лето да бидат поставени на температура помеѓу 24 и 27 степени. Исто така, важно е редовно да се чистат и сервисираат клима-уредите за да се избегне ризикот од болести.

Неодржувањето на клима-апаратите може да доведе до низа болести, вклучувајќи ја и легионерската болест, која е атипично воспаление на белите дробови (пневмонија) предизвикана од бактеријата Legionella pneumophila.

Придржувањето на овие совети не само што ќе ви овозможи да уживате во удобен престој во климатизираниот простор, туку и ќе го заштитите вашето здравје во текот на летните горештини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот