На 90 години: Почина холивудскиот актер Бил Кобс

Фото: Profimedia

Холивудскиот актер Бил Кобс почина на 90-годишна возраст. Веста за смртта ја потврди братот на актерот Томас Кобс со објава на Фејсбук.

„Со голема тага ви ја споделувам веста за смртта на Бил Кобс. Во вторникот, на 25 јуни, Бил почина мирно во својот дом во Калифорнија. Саканиот партнер, брат, вујко, сурогат родител, кум и пријател. Неодамна го прослави својот 90. роденден опкружен со најблиските. Како семејство, нас не теши фактот дека тој си замина во мир. Ве замолуваме да бидете со нас во нашите молитви“, пишува во објавата.


Бил Кобс имаше речиси 200 филмски и телевизиски улоги во својата 50-годишна кариера. Тој е најпознат по улогите како што се Луизијана Слим во „Ударот“ („The Hitter“), Волтер во „Братот од друга планета“ („The Brother from Another Planet“), Реџиналд во „Ноќта во музејот“ („Night at the Museum“) итн.

Кариерата ја започна во средината на седумдесеттите години во театар, кога почна да глуми во претставите на Бродвеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот