На 5 октомври: Ребека, Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и други ќе пејат во чест на Тоше Проески во Крушево

Фото: Промо

Легендата на македонската поп-музика Тоше Проески го одржа својот последен концерт на 5 октомври 2007 година, 11 дена пред трагично да го загуби животот во сообраќајна несреќа во Хрватска. Годинава се навршуваат 17 години од овој концерт, кој ќе остане во сеќавањето на илјадниците обожаватели кои присуствуваа на Градскиот стадион во Скопје.

По тој повод, во сабота (5 октомври) ќе се одржи концерт посветен на Тоше Проески во Градскиот парк во Крушево. Концертот ќе биде со почеток од 18 часот.

Присутните ќе имаат можност да ги чујат најголемите хитови на Тоше во изведба на Ламбе Алабаковски, „Некст тајм“, Антониа Гиговска, Ребека, Немања Радошевиќ, Анѓела Нинковиќ, Мартинијан Кириловски, „Инвиктус бенд“, Славица Ангелова, Тамара Стојкоска, Јасмин Алиевски и Кирана Ивановска.

Од 2008, на овој ден се одржува настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ со концерти, крводарителски акции и собир на фановите на Тоше.

Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот