На 2 март: Каролина Гочева ќе одржи и втор концерт во скопскиот клуб „Пјур“

Фото: Промо

Македонската пејачка Каролина Гочева ќе одржи и втор концерт во скопскиот клуб „Пјур“ на 2 март, откако влезниците за првиот (на 1 март) се распродадоа, објави продукција „Авалон“.

„Ве известуваме дека денеска, во 9 часот наутро, започна продажбата на влезниците за вториот концерт на Каролина, закажан на 2 март, во ноќниот клуб ‘Пјур’, со почеток од 21 часот. Искуството од она што се случи за распродадениот концерт, закажан на 1 март, ви кажува што треба да направите за да присуствувате во сабота во ‘Пјур’“, велат од „Авалон“.


Датумот на нејзиниот прв концерт беше симболично избран, поради нејзината песна „1 март“.

„Први март отсекогаш бил наш ден, редно е да го прославиме заедно“, најави Гочева при промоцијата за првиот концерт.

Влезниците може да ги набавите онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на „Ticketx“ низ Македонија по цена од 1.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот