На 15 август разговори меѓу САД и Кина за трговскиот договор

Фото: Профимедиа

Соединетите Американски Држави и Кина се согласија на 15 август да одржат разговори на високо ниво, со цел да се договорат за билатералниот трговски договор потпишан претходно оваа година, објави денеска „Волстрит журнал”.

Во разговорите ќе учествуваат американскиот трговски претставник Роберт Лајтицер и кинескиот вицепремиер Лиу Хе.

Како што додава весникот, тие ќе се фокусираат на првата фаза која бара посветеност на Кина за зајакнување на увозот од САД за 200 милијарди американски долари во текот на две години.

Разговорите ќе се одвиваат преку видео конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот