Н12: Нетанјаху даде зелено светло за прекин на огнот во Либан

Израел дал зелено светло за прекин на огнот со либанската шиитска милиција Хезболах, јави денеска телевизијата N12.

Целта е да се преговара за потраен договор, објави N12, цитирајќи неименуван соработник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Како што пренесе ДПА, првично нема официјална потврда за извештајот. Портпаролката од канцеларијата на Нетанјаху рече дека не дала таква изјава.

Масовното израелско бомбардирање на Либан досега резултираше со повеќе од 600 смртни случаи од почетокот на ескалацијата во понеделникот, соопшти либанското Министерство за здравство.

Група земји, вклучувајќи ги САД и земјите од ЕУ, заедно со клучните арапски нации, се залагаат за запирање на борбите.

Прекинот на огнот што се бара треба да трае 21 ден и има за цел да создаде простор за дипломатско решение на конфликтот меѓу Израел и Хезболах во Либан, како и на речиси едногодишната војна во Газа.

Заедничката изјава беше поддржана од САД, Германија, ЕУ, Австралија, Канада, Франција, Италија, Јапонија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот