МЗТ Скопје продолжи да доминира: Го победи Пелистер за седми трофеј во Суперкупот на Македонија

Фото: МЗТ Скопје

Битолчани никако не успеваат да го совладаат МЗТ Скопје, така беше и на отворањето на сезоната, слават аеродромци нова победа (78:64) и пехар.

Пелистер денеска беше подобар противник само во првите 15 минути. Но тоа беше се од нив, затоа што екипата која го брани трофејот во ова натпреварување, надополни двоцифрена негатива која ја имаше на средина на втората четвртина и стигна до својот седми пехар во ова натпреварување.

По изедначената прва четвртина, која на крајот им припадна на кошаркарите од Битола (21:19), токму Пелистер беше екипата која прва стигна до солидно, дури и високо, двоцифрено водство. По 14.минути од играта, „зелено-белите“ поведоа со (34:24), и најавија дека се подготвени да ја прекинат негативната низа на неуспеси во дуелите со актуелниот бранител на тројната круна.

Но МЗТ Скопје брзо успеа да анулира добар дел од таа двоцифрена негатива. А до полувремето „металците“ беа само едне чекор поназад во однос на „предизвикувачот“. Пелистер водеше на полувремето „само“ со (37:35).

МЗТ Скопје успеа во обидите да „го сврти“ натпреварот, издоминира во третата четвртина во која поведе и со (54:48), а на таа „дистанца“ остана и по истекот на 30.минути, (56:50).

Во последнит дел, во кој се решаваат најголем број од енигмите, „сино-белите“ тргнаа со тројката на Маслинко, за највисоки (59:50).

Но тука не застанаа момците на Васко Атанасов, за неполни четири минути веќе имаа уште поголема предност (61:50).

Последните пет минути „пелистерци“ ги дочекаа со негатива од осум поени (57:65), тука некаде ја видоа послдната шанса за евентуално враќање. Но противникот беше во серија, не дозволи никаков „камбек“. Го одржуваше водството, кое најчесто беше и двоцифрено, но и повисоко. На три и пол минути пред крајот, екипата од Аеродром имаше сигурни (70:57), но и недостижни за големиот ривал во последните неколку години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот