МВР за инцидентот во Карпош: Седуммина се нафрлиле врз 17-годишно момче, еден од напаѓачите имал боксирач

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дополнителни информации за вчерашниот инцидент меѓу средношколци во близина на гимназијата „Никола Карев“, во кој беше повредено 17-годишно момче.

Според полицијата уапсени се седуммина исто така малолетни напаѓачи, кои му се нафрлиле на момчето, а еден од нив, кој е од селото Грчец, имал боксирач.

„На 25.09.2024 во 18.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош привеле седум малолетници од Скопје и скопско поради сомнение дека физички нападнале 17-годишник од Скопје. Притоа, кај еден од малолетниците од с.Грчец бил пронајден и одземен метален боксирач“, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот