МВР: Гужвите на Табановце се поради ризик од тероризам во Србија

Граничен премин Табановце / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Зголемениот временски период на чекање на граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Воедно, Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба, се вели во соопштението од МВР.

Според информациите од АМСМ, утрово на Табановце влез во државата се чека околу 30 минути.

Припадник на Жандармеријата ранет пред амбасадата на Израел во Белград, напаѓачот е убиен

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот