Муртезани: Прво во Софија политичка влада, па потоа деблокада на евроинтеграцијата

Орхан Муртезани министер за европски прашања Фото: МИА

Министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Орхан Муртезани, смета дека по изборите во Бугарија, тамошната нова влада нема да биде во трка за собирање на гласови и ќе треба одредено време за транзиција од предизборие во реална политика. Тогаш би имало посмирен терен за воспоставување на дијалог, рече тој во емисијата „360 степени“.

-Сега ние како земја скоро и да немаме меѓусебен дијалог, што е многу лошо, вели Муртезани во емисијата на „360 степени“ на МТВ околу најавите на Владата за обид за разговор со официјална Софија за спорот.

Муртезани тврди дека оваа Влада веќе е влезена во реална политика со користењето на уставното име на државата Република Северна Македонија.

-Не е инвестиција во иден дијалог и на тој начин помагаме во нивната изборна трка. Не сме проблем на граѓаните во Бугарија. Сметаме дека таквиот пристап е штетен, ако земеме во обзир дека Бугарија нас не блокираше. Нашиот пристап треба да биде внимателен, бидејќи со евентуално заострување на реториката, можеме да ги затвориме и тие врати што мислиме дека можат да се отворат по изборите, рече министерот запрашан за говорот на вицепремиерот Александар Николоски, кој за екс-премиерот на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов рече: „Од мене бараат оставка политичари кои што се обвинети за криминал и корупција, политичари кои што ги видовме на слики како спијат на кревет покрај пачки со злато и стотици илјади евра во девизии“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот