Муцунски во Њујорк учествуваше на неформален состанок на шефови на дипломатијата на земјите-членки на ЦЕИ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Њујорк учествуваше на неформалниот состанок на Министрите на надворешни работи на земјите од Централната европска иницијатива (ЦЕИ), кој се одржа на маргините на 79-та сесија на Генералното собрание на ОН.

Како што информираше министерот на Фејсбук, за време на состанокот, фокусот бил ставен на проширувањето на Европската унија во новите геополитички околности, чии последици воедно се рефлектираат и меѓународната безбедност и стабилност.

-Во рамки на моето обраќање, истакнав дека регионалната соработка и унапредувањето на добрососедските односи се еден од основните столбови на надворешната политика на државата, како предуслов за непречен евоинтегративен пат и натамошна афирмација на земјата на меѓународната сцена, посочува Муцунски.

Министерот наведува дека одржувањето на вакви средби, претставува дополнителна можност за афирмација на целите и заложбите на оваа најстара регионална иницијатива во Европа, кои се инспирација за остварување на главните надворешно-политички приоритети на нејзините земји членки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот