Муцунски вели: „Северномакедонци“ на пописот во Албанија било техничка грешка

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вели дека разговарал со неговиот колега од Албанија со кого е заедно на форумот во Дубровник по што веднаш се реагирало до албанските служби за да се исправи грешката.

– Хасани ме информираше дека по однос на тоа прашање се работело за техничка грешка. Искрено ќе кажам дека сум му благодарен за брзата интервенција, вели Муцунски во изјава за Канал 5.

Тој посочи дека заедно со претседателот на владата Христијан Мицкоски ја следеле ситуацијата.

Претходно, покрај за употребата на терминот „северномакедонци“, Министерството за надворешни работи реагираше и за прелеминарните резултати од пописот, кои како што посочија, не ја отсликуваат реалната бројка на етнички Македонци во Албанија.

Амбасадорот на земјава во Албанија, Данчо Марковски, како што информираат од МНР, ќе биде повикан на итни консултации, со цел да се разгледаат можностите за соодветна корекција на направените пропусти и за изнаоѓање адекватни начини за понатамошно заедничко дејствување и унапредување на билатералните односи со Република Албанија.

МД „Илинден“-Тирана: Бројките за македонското национално малцинство се манипулирани и груб пописен фалсификат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот