Муцунски учествуваше на конференција на Глобалната коалиција за борба против ИСИС

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, денеска во Вашингтон учествуваше на Конференцијата на глобалната коалиција за борба против ИСИС, соопшти Министерството за надворешна политика и надворешна трговија.

Министерот Муцунски во своето обраќање се осврнал на улогата на земјава во борбата против ИСИС и тероризмот во глобални рамки.

„За целосна победа над ИСИС, што е и единствена цел на оваа Коалиција се потребни координирани и сеопфатни напори, како држава сме целосно посветени на борбата против ИСИС и активно учествуваме во напорите на Коалицијата“, истакна Муцунски.

Во рамки на Конференцијата, што се одржува на министерско ниво, учесниците разговарале за можните опции и транзицијата на воените операции на Коалицијата, за континуираните закани и предизвици, а ја реафирмирале и важноста на засилените цивилни напори и прашањето на репатријацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот