Муцунски се сретна со Столтенберг: Мораме да бидеме одговорна земја во период на сложен геополитички контекст

Фото: МИА

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел се сретнал со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Муцунски изразил задоволство од средбата со Столтенберг, која ја оценил како позитивна и срдечна и на која ги потврдил заложбите на новата Влада, поврзани со нашето членство во НАТО, како поддршката на политиката за одбрана и одвраќање и континуираната поддршка на Украина.

Како членка на НАТО, Муцунски по средбата изјавил дека мораме да бидеме одговорна земја, посебно во период на навистина сложен геополитички контекст на континентот на којшто ние живееме.

-Не е прашање дали треба, туку мораме да ги продолжиме таквите инвестиции. Тоа е во интерес на Алијансата на која што сме член, но сметаме дека тоа е и во наш национален интерес, изјави Муцунски, потврдувајќи ја посветеноста на земјата на исполнување на обврската за издвојување на средства до Буџетот за одбраната на ниво најмалку два проценти од националниот БДП.

Шефот на дипломатијата додал дека со Столтенберг разговарале за претстојниот самит на НАТО во Вашингтон на кој ќе се одбележат 75 години од формирањето на Алијансата и каде што шеф на нашата делегација ќе биде премиерот Мицкоски.

-Планираме активно учество каде што ќе се носат клучни одлуки поврзани со иднината на Алијансата и ние секако ќе бидеме активен чинител во придонесувањето на тие идни политики, додаде Муцунски.

Тој потенцирал дека покрај 100-процентната усогласеност на земјава со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, дополнително еднакво значајно е тоа што таа како мала држава го прави како членка на НАТО.

-Заштитата на поредокот на меѓународното јавно право е многу значајна. Т што се случува во Украина од таа гледна точка, но и од безбедносна гледна точка не смее да дозволи кога било да се повтори. Нашите заложби како политички така и безбедносни ќе продолжат во насока на поддршка на Украина и ставање на што е возможно побрз крај на тој тажен воен конфликт, заклучил Муцунски.

Дводневната работна посета на Брисел министерот Муцунски ќе ја продолжи со средби со претставници на Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот