Муцунски официјално ја презеде функцијата министер за надворешни работи од Османи

Фото: МНР

Во наредниот период Министерството за надворешни работи акцент ќе стави на забрзување на евроинтеграцискиот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции, порача новиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски кој денеска официјално ја презеде функцијата од досегашниот министер Бујар Османи.

Како што соопштија од МНР, и покрај многуте предизвици, Муцунски најавил дека со посветена работа и решителност ќе бидат постигнати зацртаните цели во предвидената програма за работа на Владата.

Фото: МНР

Во периодот што следи акцентот ќе биде ставен на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции, што е на линија на приоритетите на Владата. И покрај многуте предизвици, со посветена работа и решителност ќе бидат постигнати зацртаните цели во предвидената програма за работа на Владата – истакнал Муцунски на средбата.

Муцунски претходно беше градоначалник на Општина Аеродром, а денеска функцијата ја предаде на претседателот на Советот на општината, Дејан Митески.

Тимчо Муцунски е роден на 29.7.1989 во Берово. Муцунски има завршено докторски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2019 година. Магистерските студии ги завршил во 2011 година, а дипломирал на истиот факултет во 2009 година. Неговата академска кариера започнува како демонстратор и асистент на истиот факултет, каде што подоцна се стекнува со звање доцент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот