Муцунски – О’Брајан: Заеднички работиме да ја зачуваме регионалната стабилност и безбедност

Фото: Тимчо Муцунски, Фејсбук

Продлабочување на стратешкото партнерство, регионалната безбедност, економскиот развој и демократијата биле во фокус на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан.

Како што соопшти Муцунски на неговиот фејсбук-профил, за време на средбата истакнал дека САД се значаен стратешки партнер и НАТО сојузник, што во континуитет го помага нашиот демократски развој и севкупен напредок.

-Во услови на променет геополитички контекст, посветено и заеднички работиме на зачувувањето на регионалната стабилност и безбедност. На средбата ја реафирмиравме потребата од забрзана интеграција на земјата во ЕУ, заедничките заложби за зајакнување на сојузништвото во НАТО и поддршката за Украина – пишува Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот