МРТВ ќе емитува 4 нови телевизиски канали, еден посветен на децата

Новите телевизиски канали ќе бидат бесплатно достапни за сите граѓани во Македонија и тоа преку терестријалната мрежа како и преку платформите на сите оператори на програми.

Македонската радио телевизија, после големи подготовки и преземени активности почнува со емитување на 4 нови телевизиски канали, информира МРТВ.

Новите канали се МТВ 2 – 24 часовен канал на албански јазик, МТВ 3 – канал за спорт и забава, МТВ 4 – канал за останатите етнички заедници и документарна програма, МТВ 5 –  специјализиран канал за детска програма.

– Отварањето на новите телевизиски канали е реализација на најстратешката определба во програмата за работа на овој тим кој раководи со МРТ. Со пуштање во етер на новите канали очекуваме нашите гледачи да добијат можност за следење на поголем број на различни содржини што опфаќа повеќе целни групи. Во овој период можеби е најзначајно отворањето на детскиот канал каде што ќе понудиме повеќе образовна и едукативна програма за учениците. Исто така, со зголемување на обемот на програмата на албански јазик, како и каналот за останатите етнички заедници ќе се отвори можност што поголем број на програми да се емитуваат на јазиците на нашите верни гледачи, соопшти телевизијата.

Новите телевизиски канали ќе бидат бесплатно достапни за сите граѓани во Македонија и тоа преку терестријалната мрежа како и преку платформите на сите оператори на програми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот