МРТ одлучи: Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски ќе ја претставуваат Македонија на детската Евровизија 2024

Фото: Инстаграм/Евровизија Македонија

Македонската радио-телевизија ги избра Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски за македонски претставници на годинашното издание на Детскиот избор за песна на Евровизија, кој ќе се одржи на 16 ноември во Мадрид, Шпанија.

Ана Ванчевска, родена на 3.5.2010 година во Битола, е талентирана млада пејачка која веќе се прослави со учество и освоени први места на голем број музички фестивали. Нејзиниот моќен глас и неверојатни изведби ја воодушевуваат публиката и судиите, прикажувајќи ветувачка иднина во музичката индустрија. Посветеноста и природниот талент на Ана ја прават извонреден изведувач и инспиративен млад уметник. Таа годинава беше избрана за единствена претставничка на Македонија на престижниот меѓународен фестивал Сан Ремо Јуниор Италија.

Покрај музичкиот успех, Ана е посветен ученик и добитник на бројни државни награди по математика, физика и француски јазик и е вклучена во реализација на многу проекти.

Алексеј Ивановски, роден на 7.12.2011 година, во Битола, е талентиран млад пејач кој учествувал и победил на бројни музички фестивали. Неговиот волшебен глас и импресивно сценско присуство го издвојуваат, правејќи го истакнат изведувач со светла иднина во музичката индустрија.

Алексеј е активен на бројни општински, регионални и државни натпревари по предметите математика, англиски и француски јазик, од каде има освоено голем број први места. Сака да плива, да шета во природа и да се дружи. Тој многу ги сака животните и дел од своето време посветува на грижата за нив.

Сите досегашни македонски претставници на Евровизија: „Proud“ нѐ направи горди, а цела Европа танцуваше на „Нинанајна“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот