МП потврди: Лога му испрати надзор на претседателот на кавадаречкиот суд Нанев

Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци
Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци/ Фото: Слободен печат

Министерството за правда и официјално потврди дека министерот Кренар Лога утрово испратил тим за надзор на работата на Основниот суд во Кавадарци. „Слободен печат“ веќе објави дека министерот му испратил надзор на претседателот на кавадаречкиот суд Лазар Нанев, за кого претходно побара Судскиот совет да поведе постапка за одговорност.

Надзорот во Основниот суд во Кавадарци е дел од редовните активности на Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС-от, а беше најавен и на прес конференција од страна на министерот за правда, Кренар Лога. Вакви надзори Комисијата во изминатиот период изврши во Управниот суд како и судовите во Куманово, Кратово, Крушево и Берово по што беа изготвени извештаи за констатираните состојби. По извршениот надзор во судот во Кавадарци, Комисијата ќе изготви извештај“, се вели во информацијата на Министерството за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот